Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ја отвори заедничката работна сесија на работната група за земјоделство и рурален развој и работната група за животна средина организиранa од страна на Националната конвенција за Европска Унија
Се разговараше за интегриран пристап во управувањето со водите, влијанието на климатските промени и потребата од современи решенија кои ќе обезбедат сигурно и одржливо земјоделско производство.
Наводнувањето е еден од клучните предуслови за развој на земјоделството. Затоа Министерството останува посветено на изградба на нови и модернизација на постојните системи за наводнување, со цел секој земјоделец да има сигурен пристап до вода, а секоја инвестиција во водната инфраструктура да придонесе со продуктивност и повисоки приходи.
Благодарност до Република Словачка и Европското движење за поддршката и организацијата на овој значаен настан.