Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски присуствуваше на седницата на Потсекторската постојана група за жита, на која се разговараше за очекуваните приноси на јачмен и пченица по региони.
Во периодот до утврдување на откупната цена на јачменот и пченицата, сите здруженија и федерации потребно е навремено да ги информираат производителите дека е на располагање мерката за складирање на пченица и јачмен во сместувачки капацитети, во периодот од 15.06.2026 до 15.09.2026 година.
Приоритет на Министерството е стабилен пазар и сигурен пласман на земјоделските производи.