Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со г-дин Олаф Шефер, заменик генерален директор на Дирекцијата за земјоделска трговија, прашања на ЕУ и меѓународна соработка при Германското федерално министерство за земјоделство, храна и регионален идентитет, германската амбасадорка Н.Е. Петра Дрекслер и г-дин Франк Милер, аташе за земјоделство во регионот при германската амбасада.
Германија е еден од позначајните партнери во меѓународната трговија и пласманот на земјоделски производи и преработки.
На средбата разговараа за поддршката која ја добиваат на патот кон Европската Унија, како и за унапредување на билатералната соработка во областа на земјоделството.
Во текот на средбата дискутираа и за размена на искуства, модернизација на секторот и зајакнувањето на капацитетите на институциите.
„Остануваме посветени на градење партнерства и имплементација на европските стандарди во земјоделскиот сектор“, истакна министерот Трипуновски.