Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Трипуновски присуствуваше на отворањето на демонстрациско поле за адаптација кон климатските промени во земјоделството

Министерот Трипуновски присуствуваше на отворањето на демонстрациско поле за адаптација кон климатските промени во земјоделството

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски присуствуваше на отворањето на демонстрациско поле за адаптација кон климатските промени во земјоделството на Опитното поле на Факултетот за земјоделски науки и храна во Долно Лисиче.

 

Климатските промени се реалност, која значително ги менува условите за производство на храна.

 

Овој проект има за цел да ги тестира и демонстрира најсовремените технологии и практики што ќе придонесат за зголемување на отпорноста на земјоделството.

 

Благодарност до Владата и Амбасадата на Сојузна Република Германија, Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), SWG, како и до сите институции и организации кои со својата поддршка овозможија реализација на овој проект“, истакна министерот Трипуновски.

 

Преку меѓународните партнерства и со примена на науката можеме да изградиме поотпорно, поконкурентно и поодржливо земјоделство.

Мени за пристапност