Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Серафимовски: Соработката со Словачка претставува важен чекор кон развој на модерно и одржливо земјоделство

Серафимовски: Соработката со Словачка претставува важен чекор кон развој на модерно и одржливо земјоделство

Во Братислава се одржа првата седница на Мешовитиот комитет за економска соработка помеѓу Република Северна Македонија и Словачката Република на која покрај останатите области значаен акцент беше ставен на унапредување на соработката во областа на земјоделството.

Разговаравме за конкретни насоки за продлабочување на партнерството, особено преку размена на знаења, добри практики, искуства во земјоделското производство, зголемување на конкурентноста на земјоделските производи и отворање нови можности за пласман на пазарите“, истакна државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски.

Серафимовски посочи дека оваа соработка претставува важен чекор кон развој на модерно и одржливо земјоделство, како и кон зајакнување на билатералните односи меѓу двете земји.

Мени за пристапност