Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека на 1.934 овоштари им се исплатени 149.482.644 денари, финансиска поддршка за произведено и предадено јаболко.
Средствата се исплатени преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, согласно Мерката 1.7 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година.