Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Трипуновски потпиша европски грант за мали системи за наводнување во Сопот и Новаци

Министерот Трипуновски потпиша европски грант за мали системи за наводнување во Сопот и Новаци

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски го потпиша договорот за доделување директен грант со Делегацијата на ЕУ, финансиран од ИПА III програмата за 2021 година.

Со овој договор се обезбедува грант за проектот „Изградба на мали, нискотрошковни, еколошки системи за наводнување во Сопот и Новаци“, со вредност од 4,1 милиони евра - европски средства и национално кофинансирање од 1,5 милиони евра.

Официјално, проектот започнува на 30-ти јануари 2026 година.

Малите системи за наводнување во Сопот и Новаци ќе овозможат флексибилно и ефикасно наводнување, особено во оддалечените области.

Со ваков вид на проекти директно се придонесува за зголемување на продуктивноста во земјоделството, одржливо управување со водата и прилагодување кон климатските промени, во согласност со целите на ЕУ и Европскиот зелен договор.

Мени за пристапност