Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Серафимовски присуствуваше на традиционалното карневалско дефиле кое се одржа рамките на „Тиквешки гроздобер 2026“ во Кавадарци

Министерот Серафимовски присуствуваше на традиционалното карневалско дефиле кое се одржа рамките на „Тиквешки гроздобер 2026“ во Кавадарци

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски заедно со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, присуствуваше на традиционалното карневалско дефиле кое се одржа рамките на „Тиквешки гроздобер 2026“ во Кавадарци.

Карневалските групи и другите учесници во дефилето, преку тематски маски, музика и кореографии, ја претставија традицијата на гроздоберот и културните обележја на Кавадарци.

Министерот Серафимовски присуствуваше и на свечениот прием што градоначалникот Митко Јанчев го организираше во Винскиот музеј.

„Тиквешкиот гроздобер“ има значајна улога во промоцијата на локалното лозарство и винарство, како и на културната и туристичката понуда на Тиквешкиот регион.

Министерството ја продолжува својата посветеност кон развојот на секторот на лозарството и винарството, со фокус на поголема сигурност во производството и пласманот, јакнење на конкурентноста на домашните винарии и отворање нови извозни пазари за македонското вино.

Мени за пристапност