Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски и заменик-министерот Албрим Хоџа денес се сретнаа со Санел Ибриќ, извршен директор на Меѓународниот стопански саем ЗЕПС и со претставници на Зеничката развојна агенција ЗЕДА од Босна и Херцеговина.
Претставниците на ЗЕПС и ЗЕДА информираа за содржините на саемот во Зеница и за можностите за претставување на компании и воспоставување деловни контакти во рамки на неговата програма.
Соговорниците разменија мислења за учеството на домашни компании на меѓународни саеми, со осврт на претставувањето на македонските земјоделски и прехранбени производи. Стана збор и за запознавањето со побарувачката на регионалните пазари и поврзувањето со потенцијални деловни партнери.