Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Известување за одржување на испити од областа на рибарството

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека  во периодот од 20 септември до 10 октомври 2026 година ќе организира полагање на испити од областа на рибарството (испит за рибар и испит за рибочувар).

Испитите се состојат од два дела и тоа:

1.      прв дел (теоретски), со кој се проверува познавањето на одредбите од законската регулатива со одговарање на определен број на прашања со тест и

2.      втор дел (практичен), со кој се проверува способноста за препознавање на видовите риби, техниките на риболов и практичната примена на прописите од областа на рибарството и се одговара усно.

 

Термините на полагање на испитите дополнително ќе бидат објавени на официјалната веб-страна на Министерството, а по разгледување на барањата од страна на Комисијата ќе биде објавена Листа на кандидати кои ги исполнуваат условите за полагање на испитот. Кандидатите се должни навремено да го проверат списокот и да се информираат за своето учество.

Заинтересираните кандидати може да поднесат Барање за полагање на испит најдоцна до 20.09.2026 година.

Во прилог на Барањето за полагање кандидатот треба да достави:

1. Уверение за државјанство на РСМ (не постаро од 6 месеци);

2. копија од лична карта и

3. доказ за уплатени 4.000 денари како надоместок за трошоци за полагање на испитот.

Во прилог потребни податоци за уплата:

Назив и седиште на примач: Буцет на РСМ-МЗШВ

Банка на примач: Народна банка на РСМ

Трансакциска сметка: 100000000063095

Сметка на корисник: 140010028063119

Приходна шифра: 725930

Програма: 10

Испитите ќе се одржат во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ул.„Ленинова“ број 2 , Скопје.

Мени за пристапност