Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ЈАВЕН ПОВИК бр. 01/2026

ЈАВЕН ПОВИК бр. 01/2026

Агенцијата за финансиска поддршка во земоделството и руралниот развој објавува Јавен повик бр. 01/2026 за доставување барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година.:

Јавен повик бр. 01/2026
за доставување барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година

Предмет на повикот

Доделување финансиска поддршка за:

Мерка 213 – Помош за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики,
со надомест за одржување на висински пасишта и ливади и поддршка на традиционално сточарство.

 Висина на поддршката
 • 100% од просечна нето-плата за населени места ≥ 700 м надморска висина
 • 60% од просечна нето-плата за населени места < 700 м
 • Максимум до 620.000 денари по вработено лице

 Критериуми
 • 1 вработено лице на 150 овци
 • 1 вработено лице на 100 кози
 • 1 вработено лице на 50 говеда

Бројот на вработени лица мора да се задржи најмалку една година по исплатата.
Право на учество

Регистрирани земјоделски стопанства во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.

📄 Обрасците и упатствата се достапни на следниов линк
или лично во Агенцијата (08:00–14:00 часот).

🗓 Краен рок за доставување на барањата: 31.03.2026 година
Барањата доставени по рокот нема да бидат разгледувани.

Мени за пристапност