Заменик-министерот Албрим Хоџа денес ја посети фармата на семејството Арифи во тетовската планина, во Шипковица. Шар Планина нуди одлични услови за развој на сточарството и квалитетното домашно производство.
Оваа фарма е пример за чесна работа и посветеност во планински услови, каде секој ден бара ангажман и континуирана посветеност. Семејните фарми се столб на руралниот развој и локалната економија, додека поддршката за нив е директна инвестиција во животот во селото.
Активен е повикот за Помош за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики. Предвидено е надоместок од 100% од просечната нето плата во Република Северна Македонија за фармите над 700 метри надморска височина, додека 60% за оние под 700 метри, како поддршка за зачувување и пасење на добитокот.