„Сите економски показатели покажуваат дека имаме позитивен тренд и во делот на извоз и откупот на земјоделските производи“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на денешната собраниска седница.
Министерот нагласи дека позитивниот тренд се забележува и кај извозот на земјоделски производи, па така во 2025 извозот на земјоделски производи бележи раст за 85 милиони евра во однос на 2024 година и истиот во 2025 година достигна 417 милиони евра.
Тој истакна дека согласно податоците во 2025 година во однос на 2024 бележиме раст во откупот и тоа во четвртото тримесечје за 15%, во третото тримесечје за 10.4% итн. Од друга страна се поголем е бројот на индивидуални земјоделци кои својот род го пласираат директно на пазарите, трговските ланци, ресторани.
Министерот Трипуновски додаде дека ќе се продолжи посветено да се работи во делот на реализација на она што е програмско ветување на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
„Земјоделците се спокојни бидејќи имаат вистински партнер во министерството и во Владата, затоа што навистина оние штети што ги наследивме треба многу повеќе време да се санираат“, појасни тој.
„Довербата која што сме ја добиле ќе ја оправдаме, времето ќе покаже какви политики водело ВМРО-ДПМНЕ, а какви водело СДСМ“, посочи министерот Трипуновски.