Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Трипуновски од Велес: Шест милиони денари за ревитализација на езерото „Младост“

Трипуновски од Велес: Шест милиони денари за ревитализација на езерото „Младост“

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски изврши увид на активностите за ревитализација на езерото „Младост“, кое се чисти за првпат по 60-тина години.

Согласно планираните активности, во тек е фаза на механичко отстранување на сувите наслаги и трската од крајбрежниот појас на езерото „Младост“, во соработка помеѓу АД „Водостопанство“ и ЈПВ „Лисиче“ – Велес, со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

За реализација на активностите, обезбедена е вкупна финансиска поддршка од 6.000.000 денари од Програмата за водостопанство.

Работиме на ревитализација на езерото „Младост“, со цел подобрување на квалитетот на водата и дополнување на акумулацијата со свежа вода“, истакна министерот.

Мени за пристапност