Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Трипуновски од Кичево: Креираме политики заедно со земјоделците

Трипуновски од Кичево: Креираме политики заедно со земјоделците

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска одржа трибина во општина Кичево, во преполна сала со земјоделци.

 

На трибината се разговараше за досегашните активности на Министерството, како и за тековните и идните мерки и политики во секторот земјоделство. Посебен акцент беше ставен на директната комуникација со земјоделците со цел креирање на политики кои ќе одговараат на нивните реални потреби.

 

„Се наоѓаме во еден земјоделски крај каде што во нашиот регистар има евидентирано некаде околу 1.500 земјоделски стопанства. Најголема застапеност е во делот на пчеларството, сточарството и во делот на полјоделските култури“, истакна министерот Трипуновски.

 

„Ние во идниот период продолжуваме со овие активности и во другите делови од нашата држава. Со цел да го опфатиме секој еден наш сограѓанин, секој земјоделец, секоја рурална општина и да разговараме за актуелните теми во делот на земјоделството“, посочи министерот.

 

Тој додаде дека една од главните поенти на ваквите трибини е размена на дискусии со земјоделците, во делот на тоа во каква насока треба да се движат политиките на министерството, на Владата во целина.

Мени за пристапност