Плодна дискусија на трибината со земјоделците, која се одржа во општина Гевгелија во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“.
„Гевгелија е пример како се развива земјоделството, согласно податоците имаме близу 3.000 регистрирани земјоделски стопанства, над 700 договори за користење на околу 2.800 хектари државно земјоделско земјиште“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
Министерот посочи дека минатата година за мерката „зелена нафта” од Гевгелија аплицирале над 890 земјоделци, со вкупна поддршка од близу 8 милиони денари.
„Бројките се доказ дека кога државата и земјоделците работат заедно, резултатите се видливи“, посочи министерот.
„На трибината разговаравме за предизвиците, но и за можностите за дополнителна поддршка, стабилно, конкурентно и одржливо македонско земјоделство е целта на која работиме“, истакна тој.