Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Трипуновски од Битола: Го слушаме гласот на земјоделецот, добронамерните идеи и сугестии ги реализираме на дело

Трипуновски од Битола: Го слушаме гласот на земјоделецот, добронамерните идеи и сугестии ги реализираме на дело

Општина Битола има значително влијание во земјоделското производство, затоа вечерва на трибината „Гласот што го слушаме - македонско најдобро“, испративме јасна порака дека земјоделството е еден од столбовите на македонската економија.

Целта на трибината е да допреме до секој земјоделец, да ги објасниме мерките и чекорите кои ги преземаме се со цел зголемување на земјоделското производство и обезбедување на доволни количини на квалитетна и безбедна храна, како и стабилно ниво на приход на земјоделците“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Го слушаме гласот на земјоделецот, добронамерните идеи и сугестии ги реализираме на дело“, порача министерот.

Мени за пристапност