Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Трипуновски: Исполнето уште едно ветување, објавени се 5 јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Објавени се 5 јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари. 

„Со ова исполнуваме уште едно ветување, продолжуваме со политиките за ставање во функција на секој хектар од земјоделското земјиште во корист на земјоделецот“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Тој посочи дека во рамките на Јавниот повик бр. 01/26, кој ги опфаќа регионите Битола и Прилеп, по 20-тина години приоритет при доделувањето ќе имаат сточарите, со цел развој на сточарството како една од најважните гранки во земјоделството.

Сите заинтересирани земјоделци можат да се информираат за условите во подрачните единици на Министерството. 

Заедно создаваме посилно и одржливо земјоделство.

Мени за пристапност