Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица.
Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.
Продолжуваме посветено да ги поддржуваме вистинските земјоделци и да придонесуваме кон одржлив и конкурентен развој на македонското земјоделство.