Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Покана за јавна расправа за Предлог на закон за уредување на пазарите со земјоделски производи

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги поканува сите заинтересирани страни да учествуваат на јавна расправа за Предлогот на закон за уредување на пазарите со земјоделски производи.

Јавната расправа ќе се одржи на 25 септември 2026 година (петок), со почеток во 11:00 часот, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. „Ленинова“ бр. 2, Скопје - Голема сала.

Целта на јавната расправа е да се презентираат предложените законски решенија и да се овозможи отворена дискусија со земјоделските производители, земјоделски задруги, здруженија,асоцијации и други, откупувачите, преработувачите, трговците, стопанските комори, научната и стручната јавност, институциите и другите заинтересирани страни.

Сите заинтересирани страни ќе можат на јавната расправа да ги изнесат своите мислења, забелешки и предлози во однос на предложените законски решенија.

Предлог-законот и придружните документи се достапни на ЕНЕР:

https://ener.gov.mk/default.aspx?item=pub_regulation&itemid=123627&subitem=view_reg_detail

 

 

Мени за пристапност