Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Трипуновски: Ќе се гради логистичко – дистрибутивен центар во Скопје

Трипуновски: Ќе се гради логистичко – дистрибутивен центар во Скопје

Во своето обраќање министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски истакна дека веднаш во летото 2024 година се пристапи кон реструктуирање на проектот – Модернизација на земјоделството, за кој претходно напомена дека претходната власт зела кредит од Светска Банка, а кој за време од 4 години имал многу слаба реализација помала од 10%.

 

„Ние за неколку дена од денес ќе имаме избрано компанија која што ќе го гради логистичко – дистрибутивниот центар во Скопје, истиот идната година ќе биде изграден“, посочи тој.

 

„Во делот на проширувањето на просторните капацитети на АФПЗРР, распишан е тендер, избрана компанија и веќе до крајот на оваа година Агенцијата ќе има модерна зграда која што ќе значи исполнување на еден од предусловите за реализација за акредитација на нови мерки“, истакна министерот Трипуновски.

 

Тој посочи дека за подобрено и поефикасно функционирање на службите ќе се подготви база на земјоделско земјиште во која ќе биде внесено сето државно земјоделско земјиште кое е земено под закуп, како и преглед на слободните површини.

 

„Во делот на проектот - Наводнување на Македонија, веќе се работи и за брзо ќе започне изведбата на терен во делот на системот Страиште, додека за системот Пепелиште до крајот на годината се очекува да биде избран изведувач“, појасни министерот.

Мени за пристапност