Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Исплатени се 481.127.667 денари кон 12.458 лозари

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Во пресрет на празникот Св. Трифун, заштитникот на лозарите, реализирани се средства во износ од 481.127.667 денари кон 12.458 корисници.

Средствата се исплатени по Мерка 1.8 – Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади.

Се потврдува посветеноста и приоритетите на институциите во развојот на оваа земјоделска гранка.

Министерството продолжува со реализација на мерки и политики насочени кон одржливост и унапредување на земјоделското производство.

 

Мени за пристапност