Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик-министерот Хоџа учествува на Регионалната конференција на ФАО во Таџикистан, избран и за потпретседавач (Vice Chair) на конференцијата

Заменик-министерот Хоџа учествува на Регионалната конференција на ФАО во Таџикистан, избран и за потпретседавач (Vice Chair) на конференцијата

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, учествува на 35-тата Регионална конференција за Европа и Централна Азија на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), која се одржува во Таџикистан.

 

Регионалната конференција на ФАО претставува еден од најзначајните меѓународни форуми во областа на земјоделството, безбедноста на храната и руралниот развој, на кој учествуваат министри, заменици-министри, високи владини претставници, експерти и развојни партнери од Европа и Централна Азија.

 

Во фокусот на дискусиите се современите агро-прехранбени политики, справувањето со климатските промени, заштитата на биодиверзитетот, дигиталната трансформација на агро-прехранбениот сектор, како и зајакнувањето на отпорноста на земјоделските системи и безбедноста на храната.

 

Во текот на конференцијата, заменик-министерот Хоџа учествува на дискусии на високо ниво посветени на руралниот развој, иновациите во земјоделството и унапредувањето на регионалната соработка во агро-прехранбениот сектор.

 

Во рамки на конференцијата, заменик-министерот Хоџа е избран и за потпретседавач (Vice Chair) на конференцијата, претставувајќи ја Република Северна Македонија во раководните структури на овој регионален форум.

 

На маргините на конференцијата се предвидени и билатерални средби со претставници на земјите учеснички и раководството на ФАО, со цел размена на искуства и продлабочување на соработката во областа на земјоделството и руралниот развој.

Мени за пристапност