Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Хоџа од Боговиње: Институционалната соработка ја унапредува инфраструктурата за наводнување во интерес на земјоделците

Хоџа од Боговиње: Институционалната соработка ја унапредува инфраструктурата за наводнување во интерес на земјоделците

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Боговиње, Фети Абази, изврши увид во активностите за чистење на каналите за наводнување на територијата на општината.

Работите ги реализира АД Водостопанство, а значајна поддршка обезбедува и Општина Боговиње, која преку своето јавно комунално претпријатие стави на располагање механизација, работници и друга неопходна логистичка поддршка.

За време на посетата, заменик-министерот Хоџа истакна дека редовното одржување на системите за наводнување е еден од клучните предуслови за успешна земјоделска сезона и сигурно снабдување на обработливите површини со вода.

„Ова е добар пример како соработката меѓу централната и локалната власт носи конкретни резултати за граѓаните. Му благодарам на градоначалникот Фети Абази за посветеноста и конкретната поддршка во реализацијата на овие активности. Само со координација и заеднички ангажман можеме да изградиме пофункционален систем за наводнување и подобри услови за нашите земјоделци“, изјави Хоџа.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и понатаму ќе ја продлабочува соработката со општините во реализација на активности што придонесуваат за подобрување на водостопанската инфраструктура и создавање подобри услови за развој на земјоделството.

Мени за пристапност