Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Хоџа на „ЕУ за Преспа“: Инвестицијата во модерното земјоделство е инвестиција во иднината на Преспа

Хоџа на „ЕУ за Преспа“: Инвестицијата во модерното земјоделство е инвестиција во иднината на Преспа
Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, денеска во Ресен учествуваше на настан организиран во рамки на проектот „ЕУ за Преспа“, финансиран од Европската Унија и имплементиран од УНДП во соработка со националните и локалните институции.
 
Во своето обраќање, Хоџа го истакна значењето на директната поддршка за земјоделците преку знаење, современа опрема, поефикасни системи за наводнување и нови технологии.
 
„Преспа покажува дека можеме да произведуваме подобро, поефикасно да ги користиме ресурсите и истовремено да ја заштитуваме природата. Нашата цел е успешните практики што се развиваат овде да послужат како модел и за другите земјоделски региони во државата“, истакна Хоџа.
 
Настанот се одржува на самиот почеток на сезоната на берба на јаболката во Преспа. Хоџа на овоштарите им посака успешна берба, квалитетно производство и нивниот труд во текот на целата година да биде соодветно вреднуван.
 
Во рамки на проектот, земјоделците од Преспа добиваат поддршка преку обуки, менторство, современа опрема и технологии, напредни системи за наводнување и мерки за поефикасно управување со почвата и водата.
 
Проектот „ЕУ за Преспа“ има за цел заштита на природните ресурси, модернизација на земјоделството и создавање нови економски можности за локалната заедница.

Мени за пристапност