Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, денес одблизу го следеше почетокот на работите за чистење на каналите за наводнување на повеќе локации во регионот, почнувајќи од селото Дебреше во Гостивар.
Овие активности имаат за цел подобрување на снабдувањето со вода за земјоделските потреби и опфаќаат чистење на каналите за наводнување во следните подрачја:
• Дебреше – 1.040 метри
• Форино – вкупно 1.765 метри
• Чегране – 630 метри
• Бањица – вкупно 1.590 метри
• Мало Турчане – 530 метри
Работите ги реализира АД „Водостопанство“ како дел од иницијативата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за унапредување на инфраструктурата за наводнување во овој регион, обезбедувајќи подобри услови за земјоделците и зголемување на ефикасноста на наводнувањето.
Заменик-министерот Хоџа истакна дека чистењето на каналите има особено значење за земјоделците од регионите на Врапчиште и Гостивар, бидејќи обезбедува подобар проток на водата, ја зголемува ефикасноста на наводнувањето и директно придонесува за зголемување на земјоделското производство. Тој додаде дека оваа интервенција е една од долгогодишните барања на земјоделците и локалната заедница, која сега добива конкретно решение на терен.