Државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски одржа работна средба со претставници на Japan International Cooperation Agency (JICA).
На средбата присуствуваа претставници од регионалната канцеларија за Балканот на JICA во Белград, како и претставници од канцеларијата на JICA во Северна Македонија. Се разговараше за можностите за унапредување на соработката во делот на едукација и оспособување на кадарот преку специјализирани тренинг програми за климатски промени.
Посебен акцент беше ставен на јакнење на институционалните капацитети, размена на експертиза и примена на современи практики за адаптација на земјоделството кон климатските предизвици.
Соработката со JICA претставува значаен чекор кон унапредување на знаењата и вештините на стручните служби, со цел поефикасно справување со влијанијата од климатските промени и одржлив развој на земјоделскиот сектор.