Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

На 30 септември истекува рокот за поднесување барања за субвенции за 2026 година

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува земјоделските стопанства дека крајниот рок за поднесување барања за финансиска поддршка од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година е 30 септември 2026 година.

Барањата се поднесуваат електронски преку системот на веб-страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Земјоделците можат самостојно да го поднесат барањето или да побараат помош во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

За полесно информирање и користење на електронскиот систем, подготвен е Водич за директните плаќања во земјоделството за 2026 година, во кој се објаснети мерките, условите, висината на поддршката, потребните обврски и постапката за поднесување и следење на барањата.

[Преземете го Водичот за директни плаќања во земјоделството за 2026 година]

Мени за пристапност