Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во Истанбул присуствуваше на Zero Waste Forum, посветен на намалувањето на загубите на храна и унапредувањето на одржливоста на агро-прехранбените системи, каде што се согласија дека загубата на храна претставува глобален предизвик кој бара заеднички активности на меѓународно ниво. Во услови на климатски промени и ограничени ресурси, наша обврска е храната што ја произведуваме да се користи одговорно.
„Во таа насока, во соработка со Светска Банка работиме на изградба на современи дистрибутивни центри, кои ќе придонесат за подобро складирање, намалување на загубите и поефикасно и поквалитетно пласирање на земјоделските производи на пазарот“, истакна министерот Трипуновски.
Истовремено, инвестициите во знаење и иновации остануваат приоритет за градење отпорен и одржлив земјоделски сектор.
„Заедно можеме да ги заштитиме природните ресурси и да изградиме одржлива иднина за идните генерации“, додаде министерот.