Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, Н.Е. Нивес Тигањ.
На средбата се разговараше за унапредување на соработката во областа на земјоделството и размена на искуства.
„Се согласивме дека преку заедничката соработка, можеме да придонесеме за зголемување на трговската размена на земјоделските производи и нивни преработки“, истакна министерот Трипуновски.