Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во Белград оствари работна средба со министерката за економија Адријана Месаровиќ и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Драган Гламочиќ, на која разговараа за актуелните предизвици и можностите за развој на земјоделскиот сектор.
Во конструктивна атмосфера разговараа за унапредување на трговската размена на земјоделските производи и преработки.
„Заеднички ја потврдивме посветеноста за продлабочување на соработката меѓу двете земји преку размена на искуства, конкретни иницијативи и партнерства што ќе придонесат за посилен и поконкурентен земјоделски сектор“, истакна министерот.
Министерот додаде – „Продолжуваме посветено да работиме во интерес на земјоделците и економскиот развој“.