Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски одржа работен состанок со претставници на околу 30-тина земјоделски здруженија, на кој разговараа за предлог програмите за 2026 година.
На состанокот се дискутираше за приоритетите и предизвиците со кои се соочува земјоделскиот сектор.
Претставниците на здруженијата ги изнесоа своите гледишта и предлози, кои од страна на Министерството ќе бидат внимателно разгледани при креирањето на идните мерки и политики што ќе одговорат на реалните потреби на земјоделците и ќе придонесат за развој на земјоделството.