Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Известување за одржување на испити од областа на рибарството

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за полагање на испити од областа на рибарството при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека испитите од областа на рибарството (испит за рибар и испит за рибочувар) ќе се одржат на ден 17.03.2026 година.

Барањaта за полагање на испит се поднесуваат до архивата на Министерството најдоцна до 12.03.2026 година.

Во прилог на Барањето за полагање кандидатот треба да достави:

1. Уверение за државјанство на РСМ (не постаро од 6 месеци);

2. копија од лична карта и

3. доказ за уплатени 4.000,00 денари како надоместок за трошоци за полагање на испитот.

Во прилог потребни податоци за уплата:

Назив и седиште на примач: Буџет на РСМ-МЗШВ

Банка на примач: Народна банка на РСМ

Трансакциска сметка: 100000000063095

Сметка на корисник: 140010028063119

Приходна шифра: 725930

Програма: 10

 

Листата на кандидати кои ги исполнуваат условите за полагање на испитот ќе биде објавена на официјалната веб-страна на Министерството најдоцна до 13.03.2026 година. Кандидатите се должни навремено да го проверат списокот и да се информираат за своето учество.

Контакт телефон: 078 701 541

Испитите ќе се одржат во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ул.„Ленинова“ број 2 , Скопје.

 

 

Терк уплатница за надомест за полагање испит

Потребни материјали - https://www.mzsv.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/novosti/potrebni-materijali-za-polaganje-na-ispiti-od-oblasta-na-ribarstvoto-i-akvakulturata 

Мени за пристапност