Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека вчера Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 64.927.881 денари на 3.656 млекопроизводители.
Континуираниот развој на домашното производство останува еден од приоритетите на Министерството.