Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Државниот секретар, Серафимовски оствари работна средба со делегацијата на ЕБОР

Државниот секретар, Серафимовски оствари работна средба со делегацијата на ЕБОР

Државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски оствари работна средба со делегацијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), предводена од г-ѓа Елена Гордеева, директор на секторот Инфраструктура Европа во ЕБОР одговорна за земјите од Централна и Југоисточна Европа, вклучително и Украина.

На средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу Министерството и ЕБОР, како и за можностите за нејзино понатамошно продлабочување, особено во делот на инвестициите и проектите поврзани со инфраструктурата и развојот на секторите кои се од значење за економскиот и руралниот развој.

Мени за пристапност