Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Повик за изразување интерес за специјалист за животна средина и социјални прашања за Проектот Злетовица

Институција која огласува: Проект за модернизација на земјоделството

Рок на пријавување: 27/10/2026

Владата на Република Северна Македонија, со финансиска поддршка од Светска банка, го подготвува проектот „Злетовица – продуктивност преку наводнување и обновлива енергија“ (PIREP), кој ги опфаќа Фаза II – наводнување и Фаза III – хидроенергија на Хидросистемот „Злетовица“.

 

За потребите на проектот се објавува јавен повик за ангажирање локален специјалист за животна средина и социјални прашања, со полно работно време, за период од 12 месеци.

Специјалистот ќе биде одговорен за интегрирање на еколошките и социјалните аспекти во подготовката на планираните инвестиции, согласно националното законодавство и стандардите на Светска банка.

Ангажманот ќе опфаќа процена и следење на еколошките и социјалните ризици, преглед на релевантните студии и планови, следење на прашањата поврзани со водните ресурси, биолошката разновидност, климатските промени и безбедноста на локалните заедници, како и координација со надлежните институции, консултантите и засегнатите страни.

Специјалистот ќе учествува и во подготовката на извештаи, проектна документација и активности за усогласување со еколошките и социјалните барања.

 

Краен рок за пријавување: 27 октомври 2026 година, до 12:00 часот.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Проект PIREP

До: г-ѓа Ана Гацева

ул. „Ленинова“ бр. 2, 1000 Скопје

Е-пошта: procurement@amp.mk

Деталните услови и проектните задачи се достапни во приложената документација на јавниот повик.

TERMS OF REFERENCE

REQUEST FOR EXPRESSIONS OF INTEREST 

 

 

Мени за пристапност