Институција која огласува: Проект за модернизација на земјоделството
Рок на пријавување: 30/10/2026
Институција која огласува: Проект за модернизација на земјоделството
Рок на пријавување: 30/10/2026
Владата на Република Северна Македонија, со финансиска поддршка од Светска банка, го подготвува проектот „Злетовица – продуктивност преку наводнување и обновлива енергија“ (PIREP), кој ги опфаќа Фаза II – наводнување и Фаза III – хидроенергија на Хидросистемот „Злетовица“.
За потребите на проектот се објавува јавен повик за ангажирање локален хидромашински инженер, со полно работно време, за периодот на подготовка на проектот.
Инженерот ќе биде одговорен за обезбедување техничка експертиза, инженерска поддршка и контрола на квалитетот на хидромашинските системи и опрема, во согласност со националните прописи и стандардите на Светска банка.
Ангажманот ќе опфаќа преглед на технички студии, проектна и тендерска документација, хидраулични анализи, технички спецификации и процени на трошоци, како и техничка поддршка при подготовката на инвестициите во системите за наводнување и хидроенергија.
Инженерот ќе учествува и во техничката евалуација, надзорот, тестирањето и пуштањето во употреба на опремата, подготовката на извештаи и координацијата со надлежните институции, консултантите и проектниот тим.
Краен рок за пријавување: 30 октомври 2026 година, до 12:00 часот.
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Проект PIREP
До: г-ѓа Ана Гацева
ул. „Ленинова“ бр. 2, 1000 Скопје
Е-пошта: procurement@amp.mk
Деталните услови, потребните квалификации и проектните задачи се достапни во приложената документација на јавниот повик.
Прилози:
REQUEST FOR EXPRESSIONS OF INTEREST