Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Повик за изразување интерес за ангажирање локален специјалист за наводнување (градежен инженер) за Проектот Злетовица

Институција која огласува: Проект за модернизација на земјоделството

Рок на пријавување: 30/10/2026

Институција која го објавува повикот: Проект за модернизација на земјоделството

Краен рок за аплицирање: 30.10.2026 година

Владата на Република Северна Македонија, со финансиска поддршка од Светска банка, го подготвува проектот „Зголемување на продуктивноста преку наводнување и обновлива енергија во Злетовица“ (PIREP), кој ги опфаќа Фаза II – Наводнување и Фаза III – Хидроенергија од Хидросистемот Злетовица.

За потребите на проектот се објавува јавен повик за ангажирање локален специјалист за наводнување (градежен инженер), со полно работно време, во текот на периодот на подготовка на проектот.

Специјалистот ќе биде одговорен за обезбедување техничка и инженерска поддршка при подготовката, прегледот и комплетирањето на техничката документација за инфраструктурата за наводнување, со цел обезбедување усогласеност со националното законодавство, техничките прописи и релевантните стандарди на Светска банка.

Ангажманот ќе опфати преглед на физибилити студии, хидраулични анализи, детални проекти, технички спецификации, тендерска документација и проценки на трошоци, како и оценување на системи за наводнување, пумпни станици, цевководи, дистрибутивни мрежи, одводни системи и поврзана инфраструктура.

Специјалистот, исто така, ќе обезбедува поддршка во постапките за усогласеност со прописите и обезбедување дозволи, технички евалуации, подготовка на документација од областа на животната средина и социјалните аспекти, теренски посети, изготвување извештаи за напредокот и координација со релевантните институции, консултанти и проектниот тим.

Краен рок за доставување на пријавите: 30 октомври 2026 година, до 12:00 часот (локално време во Скопје).

Референтен број: PIREP-IC-07

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Проект PIREP

До: г-ѓа Ана Гацева

ул. „Ленинова“ бр. 2, 1000 Скопје

Е-пошта: procurement@amp.mk

Деталните услови, потребните квалификации и проектната задача се достапни во приложената документација на јавниот повик.

 

Прилози:

Terms of Reference (TOR)

REQUEST FOR EXPRESSIONS OF INTEREST

Мени за пристапност