Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јавен повик за прибирање понуди за градежни работи за логистичко-дистрибутивниот центар во Гази Баба, Скопје

Институција која огласува: Проект за модернизација на земјоделството

Рок на пријавување: 04/06/2026

Проектот за модернизација на земјоделството објави повик за доставување понуди за изградба на нова логистичко-дистрибивен центар во општина Гази Баба, Скопје, со цел унапредување на земјоделската инфраструктура и подобрување на пристапот до пазарите.

 

Според огласот за набавка објавен на 15 април 2026 година, проектот е финансиран од Светска банка и ќе се спроведува преку меѓународна конкурентна постапка со систем на две пликови, без претквалификација.

 

Тендерот опфаќа изведба на сеопфатни градежни работи, вклучително архитектонски, градежно-конструктивни, машински и електротехнички работи, како и изградба на водоводна и канализациона мрежа, сообраќајна инфраструктура, хортикултурно уредување и фотоволтаични системи.

Избраниот изведувач ќе биде задолжен и за сите придружни објекти неопходни за целосно функционирање на комплексот на големо-продажен пазар.

 

Логистичко-дистрибутивниот центар ќе се гради во рамки на економската зона во општина Гази Баба, помеѓу клучките Хиподром и Сингелиќ, долж обиколницата на Скопје.

 

Се очекува изградбата да започне веднаш по добивање на одобрение за градба, а рокот за реализација е 15 месеци од денот на воведување во работа.

 

Постапката за избор ќе се спроведе согласно правилата на Светска банка за јавни набавки за инвестициски проекти (издание февруари 2025 година), при што евалуацијата ќе се врши врз основа на технички и финансиски критериуми со еднаков удел од по 50 проценти.

 

Заинтересираните компании можат бесплатно да ја обезбедат тендерската документација по писмено барање, а понудите треба да се достават лично најдоцна до 4 јуни 2026 година до 12:00 часот. Електронско доставување не е дозволено, а задоцнетите понуди нема да бидат разгледувани.

 

Секоја понуда мора да биде придружена со гаранција за понуда во износ од

300.000 евра, како и изјава за ангажирање на локална работна сила.

 

Целосниот сет на тендерска документација е достапен во секцијата на англиски јазик „Procurement“ на веб-страницата на Проектот за модернизација на земјоделството (amp.mk), додека огласот е достапен во секцијата на македонски јазик „Јавни набавки“.

 

Request for Bids Works Civil Works for Construction of Agri-Food Platform in Gazi Baba

Request for Bids Works - Procurement of Civil Works for Construction of Agri -Food Platform (AFP) in Gazi Baba, Skopje

Мени за пристапност