Институција која огласува: Проект за модернизација на земјоделството
Рок на пријавување: 04/11/2026
Институција која огласува: Проект за модернизација на земјоделството
Рок за доставување понуди: 04/11/2026
Владата на Република Северна Македонија, со финансиска поддршка од Светска банка, го подготвува проектот „Злетовица – продуктивност преку наводнување и обновлива енергија“ (PIREP), кој ги опфаќа Фаза II – наводнување и Фаза III – хидроенергија на Хидросистемот „Злетовица“.
За потребите на проектот, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку Единицата за имплементација на проектот, објавува јавен повик за доставување понуди за набавка на возило, со референтен број PIREP-GO-RFQ-11.
Предмет на набавката е едно (1) ново патничко возило од типот SUV/Crossover, со целокупната задолжителна опрема, согласно техничките спецификации наведени во тендерската документација.
Возилото треба да биде фабрички ново, некористено, претходно нерегистрирано, произведено во 2026 година или поново, со соодветни технички карактеристики, безбедносна опрема и гаранција.
Возилото е наменето за потребите на проектот и ќе се испорача во ЈП за вршење на водостопанска дејност „Хидросистем Злетовица“ – Пробиштип.
Набавката ќе се спроведе со методот Барање за доставување понуда (RFQ), преку отворен национален пристап, во согласност со правилата и процедурите за набавки на Светска банка.
Право на учество имаат сите подобни и квалификувани понудувачи кои ги исполнуваат условите наведени во документацијата.
Краен рок за доставување понуди: 4 ноември 2026 година, до 12:00 часот по локално време во Скопје.
Понудите се доставуваат лично, по пошта или преку курир, на следната
адреса:
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Единица за имплементација на проектот
До: г-ѓа Ана Гацева
ул. „Ленинова“ бр. 2, 1000 Скопје
Е-пошта за информации и појаснувања: procurement@amp.mk
Деталните услови за учество, техничките спецификации и потребните обрасци се достапни во приложената документација на јавниот повик.
Прилози:
Барање за доставување на понуда
Посебен оглас за набавка на возило - барање за доставување на понуда