Институција која огласува: Проект за модернизација на земјоделството
Рок на пријавување: 04/11/2026
Институција која огласува: Проект за модернизација на земјоделството
Рок за доставување понуди: 04/11/2026
Владата на Република Северна Македонија, со финансиска поддршка од Светска банка, го подготвува проектот „Злетовица – продуктивност преку наводнување и обновлива енергија“ (PIREP), кој ги опфаќа Фаза II – наводнување и Фаза III – хидроенергија на Хидросистемот „Злетовица“.
За потребите на проектот, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку Единицата за имплементација на проектот, објавува јавен повик за доставување понуди за набавка на професионален беспилотен воздухопловен систем (дрон), со референтен број PIREP-GO-RFQ-13.
Предмет на набавката е еден (1) комплетен професионален беспилотен воздухопловен систем (UAS), наменет за мапирање, фотограметрија и визуелна инспекција, со RTK и/или PPK функционалност, придружна опрема, софтвер и обука за најмалку двајца претставници на корисникот, согласно техничките спецификации.
Дронот е наменет за потребите на проектот и ќе се испорача во ЈП за вршење на водостопанска дејност „Хидросистем Злетовица“ – Пробиштип.
Набавката ќе се спроведе со методот Барање за доставување понуда (RFQ), преку отворен национален пристап, во согласност со правилата и процедурите за набавки на Светска банка.
Право на учество имаат сите подобни и квалификувани понудувачи кои ги исполнуваат условите наведени во документацијата.
Краен рок за доставување понуди: 4 ноември 2026 година, до 12:00 часот по локално време во Скопје.
Понудите се доставуваат лично, по пошта или преку курир, на следната
адреса:
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Единица за имплементација на проектот
До: г-ѓа Ана Гацева
ул. „Ленинова“ бр. 2, 1000 Скопје
Е-пошта за информации и појаснувања: procurement@amp.mk
Деталните услови за учество, техничките спецификации и потребните обрасци се достапни во приложената документација на јавниот повик.
Прилози:
Посебен оглас за набавка на дрон - барање за доставување понуда