Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“

Институција која огласува: МЗШВ

Рок на пријавување: 01/07/2026

Врз основа на член 14 став (1) од Законот за рибарство и аквакултура („Сл. Весник на Република Северна Македонија“ бр, 64/24), како и Одлуката за распишување на Јавен повик за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“  како дел од риболовните подрачја „Брегалница“ за организирање рекреативен риболов број 02-5410/1 од 14.05.2026 година донесена од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, се објавува Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“.

Понудата се доставува преку пошта или со предавање во архивата на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство до 01.07.2026 година до 10:00 часот, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот.

Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“


Мени за пристапност