Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Државен секретар

Надица Џерковска

Надица Џерковска

Државен секретар во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија

Надица Џерковска
Родена: 23 јули 1967 година, Скопје

контакт:
Мобилен телефон: +389 70 403 814
е-пошта:
nadica.dzerkovska@mzsv.gov.mk

Националност: Македонка

Образование

2003 – 2005
Магистер по применета политика и менаџмент
Graduate School of Public and International Affairs, University of Pittsburgh, USA

1985 – 1989
Дипломиран шумарски инженер
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
Факултет за шумарство

Работно искуство

2018 – денес
Раководител на Сектор за здравје на растенијата
Фитосанитарна управа, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

2013 – 2018
Раководител на Одделение за меѓународна соработка и фитосанитарна регулатива за здравје на растенијата
Фитосанитарна управа, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

2009 – 2013
Раководител на Одделение за трговска соработка
Сектор за меѓународна соработка, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

1995 – 2009
Раководител на Одделение за европска интеграција
Сектор за меѓународна соработка и европска интеграција, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

1993 – 1995
Помлад соработник
Државен инспекторат за земјоделство и шумарство, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Компетенции и искуство

ü  креирање и подготовка на национални политики и законодавство во областа на здравјето на растенијата, усогласени со законодавството на Европската Унија и меѓународните стандарди.

ü  подготовка на годишни програми за фитосанитарен мониторинг, анализи на ризик и планови за итни мерки.

ü  изработка на упатства, прирачници и стручна документација.

ü  Координација и соработка со IPPC, EPPO, CEFTA и во рамките на Светската трговска организација (WTO), согласно SPS Договорот.

ü  Координација на фитосанитарната политика во процесот на скрининг и преговори со Европската комисија (поглавје 12).

ü  координација на меѓународна соработка и проекти во фитосанитарната област.

ü  подготовка на стратегии, законодавство, програми за мониторинг и буџетско планирање.

ü   координација со надлежните институции и лаборатории.

ü  подготовка на извештаи, информации и материјали за Владата.

ü  развој и унапредување на фитосанитарниот информатички систем и системот за пасоши за растенијата.

ü  организација и координација на меѓународна трговска соработка и донаторски проекти.

ü   подготовка на годишни планови и извештаи.

ü  управување со проекти финансирани од Европската Унија и други меѓународни донатори.

ü  учество во преговори со меѓународни институции и координација на спроведувањето на трговската политика согласно меѓународните договори.

ü  подготовка и координација на национални програми и акциски планови за усогласување со законодавството на Европската Унија.

ü  kоординација на активностите за европска интеграција во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

2024 и 2025 година претседавач на 20 и 21 Поткомитет за земјоделство и рибарство со Европаката Комисија

Познавање на странски јазици

ü  македонски – мајчин јазик

ü  англиски – активно познавање

ü   француски – активно познавање

Напредни компјутерски вештини

Мени за пристапност