Соопштенија


На 24 и 25.01.2023 година со почеток во 09:00 часот во големата сала на приземје во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (ул.Аминта трети бр.2 Скопје) во рамките на Твининг лајт проектот „Усогласување на законодавството и имплементација на првото на ЕУ во областа на рибарството и аквакултурата во Република Северна Македонија“ MK 20 IPA AG 01 21 TWL ќе се одржи работилница на тема: Методи за контрола и следливост за производите од рибарство и аквакултура, на која ќе бидат презентирани предлог изработените акти во рамките на проектот и практични примери.


Проектот финансиран од Европската унија „Унапредување на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија“, ко-финансиран и спроведуван од Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) распиша јавен тендер (Референтен број: 2023/CSAPC/REUDD/120213) за обезбедување на ‘’Консултантски услуги за консолидација на земјиште во Северна Македонија – Планирање на распределба на земјиштето и Основен Проект за интервенции во земјоделската инфраструктура во Чифлик“.


На 10 и 11.01.2023 година со почеток во 09:00часот во големата сала на приземје во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (ул.Аминта трети бр.2 Скопје) во рамките на Твининг лајт проектот „Усогласување на законодавството и имплементација на првото на ЕУ во областа на рибарството и аквакултурата во Република Северна Македонија“ MK 20 IPA AG 01 21 TWL ќе се одржи работилница на тема: Имплементација на структурната поддршка и државната помош во рибарството и аквакултуратаНа работилницата ќе бидат презентирани предлог изработените акти во рамките на проектот и практични примери (симулации за корисниците).


Даденото ветување пред земјоделците за авансна исплата на субвенциите го исполнивме. Реализирана е првата авансна исплата во висина од 123,2 милиони денари и веќе деновиве 9.563 овоштари на своите сметки ќе ја добијат првата авансно исплатена субвенција во висина од 12.000 денари по хектар.  

 


Денеска, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, во просториите на министерството одржа средба со тутунопроизводителите и откупувачите на тутун.

„Ова беше година на многу предизвици кои ние ги преточивме во успеси. Јас го превземав мандатот токму во екот на откупот на тутун од минатогодишната реколта. Ја започнав 2022 со откупот на тутун, а еве со тутун и ќе ја завршиме. И ова е најубавиот завршеток за ваква предизвикувачка година. Да ја завршиме со убави вести, а тоа е дека откупот на тутун оваа година пишува историја и по цена и по количина и по период на откуп. За прв пат, имаме тутун кој достигна рекордна цена од скоро 290 ден/кгр., што претставува зголемување за +44% во однос на реколтата од 2021 година кога цената беше 200,44 денари“ рече Николовски.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици