Новости


На денешната средба на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа со амбасадорката на Украина, Н.Е. Наталија Задорожњук, беше потврдена обостраната желба и интерес на двете пријателски земји да ја продлабочат соработката во сферата на земјоделството, особено во делот на трговската размена со земјоделско-прехранбени производи.
Украинскиот пазар е многу значаен за нас, бидејќи има голем потенцијал и можности, кој не се доволно искористени. Зголемен пласман на земјоделско - прехранбени производи на пазарите во двете земји, ќе биде еден од приоритетите во иднина.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, оствари средба со претседателот на Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија, г.Неби Хоџа.
На средбата г.Неби Хоџа ги презентираше проблемите и тешкотиите со кои се соочуваат со приватните бизниси, особено во секторот земјоделство, барајќи да се направат реформи со кои ќе се овозможи рамноправен рурален развој.
Министерот за земјодлество, шумарство и водостопанство г.Хоџа вети дека МЗШВ ке биде партнер во унапрендувањето на сите процеси, како унапредување на програмите за развој на земјоделството и агротуризам, придонесувајќи во зајакнување на националните програми како и на ИПАРД програмата.


Денеска во Кавадарци, претседателот на Владата на Република Северна Mакедонија, Зоран Заев заедно со заменик-претседателот за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа и поранешниот министер Трајан Димковски, одржаа состанок со здруженијата на лозари од Тиквешкиот регион. 


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа оствари прва средба со Амбасадорот на Република Албанија во Северна Македонија Н.Е. Фатос Река, на која беше истакната успешната соработка меѓу двете земји во областа на земјоделството и обостраниот интерес за понатамошно унапредување на истата.


Вечерва, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски, се придружи на солидарниот собир на одгледувачите на јаболка во Преспа.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици