Новости


Денеска, министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со регионалната проектна менаџерка за родово-одговорно буџетирање за Европа и Централна Азија на UN Women Ермира Лубани, одржаа работен состанок со членовите на работната група за родова еднаквост и зајакнување на жените при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и министерот на Република Албанија Бледи Чучи го потпиша Договорот за фитосанитарна соработка.


30.09.2020

На денешната прва средба со Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Кејт Мари Брнс беше потврдена стратешката определба на двете пријателски земји и сојузници во НАТО Алијансата, да оддржуваат блиски односи на соработка за унапредување на земјоделството како една од најважните гранки на економијата во нашата земја.
Ги истакнавме главните приоритети во новата стратегија за земјоделство и рурален развој, особено во прилагодувањето на легислативата и стандардите со ЕУ.
Амбасадорката Брнс истакна дека ја поддржува Република Северна Македонија во напорите за пристапување кон ЕУ и смета дека започнувањето на преговорите се добри за развојот и иднината на земјата, а САД ќе продолжат да бидат парнер во реализирање на заеднички инвестиции за јакнење на приватниот сектор. Во идниот период од особен интерес ќе бидат проектите во шумарството за спречување на нелегална сеча и сузбивање на илегална трговија со диви животни.
На состанокот присуствуваше и Претставникот на Канцеларијата на УСАИД во Република Северна Македонија, Ерик Јановски до кого упативме голема благодарност за досегашната поддршка што ја обезбедува УСАИД преку бројни проекти за поддршка на приватните бизниси во земјоделскиот сектор.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, денес учествуваше на јавната трибина организирана од градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски каде што се зборуваше за заштита на природниот споменик “Преспанско Езеро”.
Заедно со министерот за екологија и просторно планирање г. Насер Нуредини, покажаа подготвеност во изнаоѓање долгорочно решение за заштита на Преспанското Езеро како посебен споменик на природата.

 


Денеска Владата на Република Северна Македонија, донесе одлука со која, разговорите со лозарите и винарските визби добија и правна рамка.
 Со тоа се потвдува грижата и брзата реакција на институциите за последиците предизвикани од пандемијата Ковид-19 и од климатските промени кои дирекно влијаеа на квалитетот на грозјето.
 Владата предводена од премиерот Зоран Заев и ресорното министерство (МЗШВ) предводено од министерот Хоџа, покажаа дека се партнери со сите засегнати страни.
Одлуката е следна:
✅4 денари поддршка од Ковид програмата за сите лозари чије грозје ќе се откупи за преработка на производи од вино и вински дестилат.
✅2 денари поддршка од Ковид програмата за цело предадено грозје во винарските визби.
✅останува 2 денари поддршката од програмата за директни плаќања со што освен за сортите Смедеревка и Вранец се проширува и за другото високо сортно грозје
✅20% супституција на транспортот за извоз на наливно вино и 30% за флаширано вино
✅ќе се поддржат сите извезувачи на винско грозје на следен начин: 2 денари за извезено грозје до 12 милиони килограми; 3 денари за извезено грозје од 12 до 25 милиони килограми и 4 денари за над 25 милиони килограми извезено грозје.
Истотака очекуваме од сите винарски визби да се придржуваат на договорените цени од претходните состаноци.
Зборот е збор!



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици