Јавни Огласи


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, распиша јавен повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, за мерката 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, односно подмерка 121.12 Набавка на комбајни за жито.

Како корисници се јавуваат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во МЗШВ, согласно Законот за земјоделство и рурален развој, и поседуваат минимум 10 хектари обработлива земјоделска површина под пченица, јачмен, р`ж, тритикале и/или овес.


Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите  на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10, 51/11 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 110/19), член 68 став 4 од Законот за надворешни работи („Службен   весник на Република Македонија“ бр. 46/06, 107/08, 26/13, 39/14, 61/15 и 226/15), а во врска со 78 седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на ден 05.09.2022 година со кое се задолжува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во буџетот за 2023 година да предвиди средства за упатување на еден преставник во Постојаната мисија на Република Северна Македонија при Европската Унија во Брисел, објавува ИНТЕРЕН КОНКУРС за упатување на  работно место Советник во Постојаната мисија на Република Северна Македонија при Европската Унија во Брисел. 


Врз основа на член 22-б став (1) од Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр.87/13, 106/13, 37/13, 61/15, 97/15, 215/15 и 51/18), Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува ЈАВЕН ПОВИК БР.01/23 за доставување на понуди за интерес за купување на земјоделското земјиште во државна сопственост под оранжерија и помошни објекти во функција на оранжеријата, односно на објектите во стопанскиот двор. 


Врз основа на член 67 став (3), а во согласност со Глава VII јавни овластувања од Законот за здравјето на растенијата  („Службен весник на РМ“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/13, 43/14, 158/14, 149/15, 39/16 и 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.150/21), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Фитосанитарна управа обjавува: ЈАВЕН КОНКУРС за давање на јавно овластување за вршење на задачи од областа на здравјето на растенијата. 


Согласно член 89 став 6 од Закон за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 152/19, 244/19, 275/19, 110/21, 123/22 и 65/23) и член 4 од Правилникот за поблиски услови за запишување во евиденцијата на Локална акциона група, постапката за упис, потребната документација и начинот на водење на документацијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 40/13 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 168/23), Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува ЈАВЕН ПОВИК БР. 01/23 за запишување во евиденција на Локалната акциона група (ЛАГ).



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици