Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска одговараше на пратеничко прашање кое што се однесуваше во делот на земјоделското земјиште.
„Откако сум министер со помош на Владата се поведе една сериозна акција во делот на злоупотребата на земјоделското земјиште. Се раскинаа и неколку договори, се ослободија над 2.000 хектари земјоделско земјиште кое што беше злоупотребувано од претходната власт“, појасни министерот.