Новости


Денеска се изврши последната акција на пошумување на опожарената површина на Кокино, општина Нагоричане, каде што во изминатите недели се пошумени над 51 хектар и засадени се повеќе од 100.000 садници.


Заменик министерот Фљакрон Беџети учествува на конференцијата на високо ниво „BIOEAST and Beyond,“ која се одржува од 4 до 6 декември 2024 година во Будимпешта, Унгарија. Овој значаен настан, е организиран од Унгарското претседателство со Советот на Европската Унија и Министерството за земјоделство на Унгарија, и се фокусира на истражувачките и иновативните приоритети, при што се разгледуваат клучни прашања поврзани со безбедноста на системот на храна и биоекономијата на земјоделството.


Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа обука која ја подготви одделението за органско производство, сектор земјоделство со поддршка на  групата за регионален рурален развој  SWG (Regional Rural Development Standing Working Group). На обуката беа претставени новитетите во органското земјоделско производство, регулативата на Европската Унија 2018/848, со детален преглед на структурата, делегирачките  и имплементирачките акти, се зборуваше на тема контрола и сертификација како и за пристапите засновани на оценка и ризик.


Денес се одржа четвртиот состанок на Комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2021-2027 со кој претседаваше Државниот секретар Даниела Иротова Лазарева.


Националната федерација на фармери (НФФ) со поддршка на Шведска и шведската развојна организација We effect, го организираа „Земјоделскиот форум за климатски промени“, на кој беа презентирани и дискутирани информации и релевантни статистики за влијанието на климатските промени врз земјоделството и руралните заедници во нашата земја.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици