Новости


По повод 5 Јули, Меѓународниот ден на задругите, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски присуствуваше на настанот кој го организираше МЗЗ - Мрежа на земјоделски задруги.


Денеска во просториите на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство се презентираше техничката студија за користење на пловечки фотоволтаици на браната Паљурци - проект кој го поврзува зеленото производство на енергија со модерното наводнување.


Заменик-министерот Албрим Хоџа, заедно со директорот на Управата за водостопанство, Ромео Тренов, одговорниот инженер на проектот и претставници од изведувачката компанија, беа на терен во селата Црвица и Колибар – Кичево, со цел да се најде решение за пречките кои го забавија завршувањето на системот за наводнување во овој регион.


Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со Н.Е. Рашид Бин Саид Ал-Хајарин, в.д. амбасадор на Државата Катар.


Земјава остварува значителен напредок во развојот на “Нацрт - Национална стратегија за адаптивно управување со пределите и пожари на ниво на предел”. Состанокот на Националната мрежа за управување со пожари на ниво на предел собра повеќе од 40 експерти од владини институции, истражувачки организации, граѓанско општество, научно образовни институции, агенции и други.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици